Brigada28
Нов ден, нов предизвик
Raspored
Контрола на Влезни Трошоци
Денес е различно од вчера
Денес екипата оди на друг објект, различно од вчера. Денес на овој објект има друга екипа. Денес екипите имаат други задачи. Вчера примавме материјали, денес дополнуваме. Денес ангажираме дигалка. Секој ден носи нов предизвик. Сето тоа, да се искоординира низ сите тековни објекти.
Евиденцијата не е рутинска
Дневните екипи се различни, дневните задачи се различни, дневното движење на материјали е различно. Се завршува еден објект, се оди на следниот. Простото бележење присуство не е доволно. Интерната евиденција мора да ги следи оперативните активности, и да чува детална информација.
Потребна е добра информација
Потребен е податок на кој ден е бетонирана плочата, или кои работници биле на тој објект на тој датум, или на тој Објект колку работни саати сме потрошиле, или кои материјали сме ги вградиле, или колку чини објектот во секој ден од градбата.
Распоред на потрошок по објект
Вие можете денес интерно да евидентирате потрошок за да имате ажурна слика, а утре кога ќе дојде влезната фактура од добавувачот, да споредите количини и цени, и потрошокот да го распоредите по објект.
Изглед на главниот екран
Контрола на трошоци по објект
Добивате и збирна и детална информација за тоа колку ве чини објектот, колку саатнини е потрошено, колку материјал е потрошено, кој ден што е работено. Имате податок за да во секој момент можете да донесете правилна одлука.
Изглед на главниот екран
Зошто сте ефикасни со помош на програмата:
  • Знаете колку ве чини објектот
  • Знаете кој ден што е работено
  • Знаете колку материјали имате вградено во објектот
  • Знаете кој работник каде работел
  • Знаете колку кооперантски услуги имате ангажирано
  • Информирано одлучувате за надомест на вработените
  • Информирано одлучувате за расходите по објект
Би сакале да прашате? Побарајте бесплатна Консултација.
Како се инсталира програмата
  • Наш претставник ќе дојде кај вас, и ќе ја инсталира програмата. Инсталацијата не се наплаќа.
Пробен период
  • Инсталацијата не се наплаќа. Со првата Инсталација, се активира Пробен Токен, кој овозможува 1 месец бесплатна работа и запознавање со програмата. По истек на пробниот период, се бара редовно купување Токен.
Како се плаќа за редовно користење на програмата
  • Преку Програмата, нарачувате Токен, и добивате Профактура.
  • Профактурата ја плаќате вирмански.
  • По прием на уплата, Токенот се генерира и се качува на сервер.
  • Програмата го превзема и активира новиот Токен.
Raspored Kniga консултација ценовник контакт