ДНС ДАЈКА
Нов ден, нова борба
GradPredmer
DNSRaspored
GradKniga
GradKniga
Пресметувања и водење Градежна Книга и Дневник
За да наплатите извршени работи, потребна е документација
Изведувачот не само што мора да ја заврши својата работа, туку мора и да докаже дека ја завршил, и да добие потпис од надзорниот орган. Дури тогаш може да побара наплата кај Инвеститорот. Надзорот ја проверува содржината од градежната книга, односно ги гледа формулите по кои е пресметана количината за дадена позиција. Колку подобро Изведувачот ќе си пресмета количини, толку подобро ќе наплати, и обратно.
Отпечатена Страница, програмски генерирана.
Оставени сте сами на себе
Мора покрај себе да имате бел лист, пенкало и дигитрон. Формулата ќе ја запишете на белиот лист, резултатот ќе го пресметате на дигитронот, и бројката ќе ја допишете на крај. За повеќе формули, истата процедура. Вкупната количина пак ќе ја пресметате со дигитронот, и збирната бројка ќе ја напишете на крај. Значи, цело време рачно пишувате и користите дигитрон за да добиете бројки.
Рачното пополнување не е ефикасно
Пенкалото, дигитронот и индигото сепак се спори. На секоја страница мора рачно да ги пополните називите на објектот и странките, како и називот на позицијата. Непотребно рачно внесување на една иста информација.
Градежната книга подгответе ја електронски
Пресметувајте ефикасно со помош на специјалната програма GradKniga. Вие внесувате формула, програмата пресметува количина. Вие за пократко време доаѓате до крајниот резултат. Повторливите податоци ги внесувате само еднаш.
Изглед на главниот екран.
Како пресметувате количина за вообичаена градежна позиција
Внесувате стандардна формула
Форм за внесување Формула.
Како пресметувате количина за типска позиција од занатски работи или фази
Повикувате прилагоден внес. Внесот се прилагодува одделно за секој корисник, да ги опфати типските елементи за дејноста (водовод, електрика, греење, метални профили итн.), со цел истиот внес да се користи и како доказница.
Форм за внесување Формула.
Вашата програма за подготовка на Градежна Книга
Зошто сте ефикасни со помош на програмата
  • Заштедувате на внесување повторливи податоци за градбата
  • Заштедувате на пишување насловот на позицијата на секоја страница
  • Заштедувате на повторно внесување исти формули на друга страница
  • Автоматско кумулирање количини од претходни периоди
  • Генерирате Ситуација со најмалку чекори
  • Eкспорт на извештаите во Ексел, PDF
  • Печатите Страници наеднаш за цел период
Зошто е подобро од excel
Користењето на excel е само за малку различно од рачното пополнување. Пак мора настрана сите бројки рачно да ги пресметате на хартија, и пак да ги внесувете и копирате сето во excel. Немате автоматско кумулирање. За разлика од тоа, преку програмата, вие внесувате само формули - програмата пресметува, кумулира, поврзува.
Генерирање Ситуации
Имајќи пресметани и одобрени Страници од Градежна Книга, програмата генерира Ситуација, со минимум кликнувања и подесувања. Сите Ситуации се врзани, со автоматско пресметување на Претходни, Тековни и Вкупни количини и износи.
Различни Ситуации за различни Инвеститори
За експорт на Ситуациите во Ексел, излезот може да се подесува - различен Инвеститор, различен излезен документ. На ваше барање изработуваме шаблон - темплејт на Ситуација, онака како што бара Инвеститорот. При експорт во Ексел, го бирате шаблонот по кој да се изгенерира Ситуацијата.
Електронска комуникација со Надзорот
Програмата електронски го праќа фајлот кај Надзорот, тој го отвора, проверува и дава свои коментари. Вие повратно ги отварате и гледате неговите коментари, сето тоа во рамки на програмата, без потреба од директно носење на печатени листови додека се усогласи содржината.
Основни функции
  • Предмер - уредување, увоз;
  • Страници - изработка, печатење, експорт;
  • Дневник - евидентирање, печатење.
  • Надзор - електронско испраќање на книгата;
  • Ситуации - изработка на Ситуации;
  • Извештаи - изработува повеќе пресеци и извештаи
Како се инсталира програмата
  • Една можност е самите да ја симнете и инсталирате програмата
  • Друга можност е, наш претставник ќе дојде кај вас, и ќе ја инсталира програмата.
Пробно користење
  • Инсталацијата не се наплаќа. Со првата Инсталација, се активира Пробен Токен, кој овозможува 1 месец бесплатна работа и запознавање со програмата. По истек на пробниот период, се бара купување токен.
Како се плаќа за користење на програмата
  • Преку Програмата, нарачувате Токен, и добивате Профактура.
  • Профактурата ја плаќате вирмански. По евидентирање на уплатата, Токенот се генерира и се качува на сервер.
  • Преку Програмата, го превземате и активирате новиот Токен.
Понатаму