Треба да подготвите Предмер
Проектниот цртеж, или измереното на лице место, или желбите на Инвеститорот, треба да се претворат во Предмер. Ваше е да дефинирате Позиции со соодветен опис, и да пресметате количина за секоја позиција.
Рачното пресметување не е ефикасно
Пишувате формула - или со пенкало на лист хартија, или како текст во Word. За да пресметате резултат од формулата, пак мора истото да го внесете на дигитрон. Добиениот Резултат го допишувате кај формулата. Повторливо за сите формули. Потоа рачно, на дигитрон, ги собирате сите поединечни резултати. Ем дупло, ем со можност за грешки.
Предмерот подгответе го електронски
Вие еднаш внесувате формула. Добивате резултат, потврдувате. Збирот автоматски се пресметува. Бидете ефикасни со GradPredmer. Вие за пократко време доаѓате до крајниот резултат. Предмерот е спремен за споделување.
Генерирате Понуда
Имате Описи, имате Количини. Пополнете уште за Цена, и ги имате потребните елементи за Понуда. Понуда генерирате со еден клик.